To be or Not to be -Да се биде или Не за ДУИ

Изборите за ДУИ се „Да се биде или не“, аналитичарите им прогнозираат двоен пораз

Повеќе од две децении на тронот, за сега да стојат на чекор од бездна во која најверојатно ќе ги бутне здружениот албански опозициски фронт заедно со ВМРО ДПМНЕ, вака отприлика дел од политичките аналитичари ја предвидуваат судбината на Али Ахмети и неговите интегративци на претстојните парламентарни и претседателски избори.

Тетово, Готивар, Чаир – ДУИ ги изгуби симпатиите на Албанците во речиси сите делови на државата, а гласачкото тело на 4-те опозициски албански партии се голема закана за ДУИ и нивното повеќе децениско владеење, вели аналитичарот Дарко Јаневски.

Исто така многу битен е и фокусот на кампањата на албанскиот опозициски фронт со која ќе ги купуваат гласачите, смета Јаневски. Опозицијата можеби ќе игра на национална карта или фокусот ќе биде на лошите економски услови поради коишто Албанците се иселуваат од Македонија, но и во двете варијанти Јаневски прогнозира погубни изборни резултати за ДУИ.

Во однос на трката помеѓу кандидатите за шеф на државата Арбен Таравари и актуелниот министер и кандидат на ДУИ Бујар Османи, според Јаневски нема да има голема разлика на гласови, но сепак победникот би бил Таравари.

Според најновата анкета на ИПИС во шестата изборна единица, во која доминираат етничките Албанци, во февруари најголема доверба од испитаниците има ДУИ со 17,5%, зад нив следи Европскиот сојуз за промени со 15,4% и Алијансата за Албанците со 7,2%.

Анкетата ја спроведе ИПИС во февруари по нарачка на МРТВ на репрезентативен примерок.

Related posts

Загадениот воздух ја полни Клиниката за пулмологија – Скопје и денеска меѓу најзагадените градови во светот

Вкупно 33 години затвор добија велешаните кои сексуално злоупотребувале малолетничка

Видео снимките од првичните признанија на обвинетите за убиствата на Вања и Панче ќе се гледаат во судница