Задушница – Ден за помен на починатите

 – Православните верници денеска ја одбележуваат задушница – Ден за помен на починатите.

Задушница се паѓа секогаш во сабота, една недела пред Прочка.

Според традицијата, во некои краишта на Македонија, на задушница се раздаваат месени или сукани јадења.

Задушница секогаш паѓа во сабота, бидејќи Исус Христос тој ден, спроти воскреснувањето во недела, го поминал упокоен. Задушница е ден кога православните верници ги посетуваат гробовите на најблиските, даваат помен и палат свеќа. Сеќавајќи се на покојните предци, верниците на овој ден се молат на Бог за простување на гревовите и за предците.

Православната црква во текот на годината одбележува четири задушници, есенски, летни кои што се споени со Духови, спроти големиот велигденски пост и зимски.

На Задушница во црквата се служи парастос, а по службата се посетуваат гробовите на најблиските, каде што се пали свеќа и се чита молитва.

Она по кое што Македонците се разликуваат од Грците е фактот што овие вторите НИКОГАШ не ги славеле мртвите,додека од Времето на Александар Велики Македонците даваат задушница во чест на своите најмили  и тоа на 3 лица.

Related posts

Кога навистина почнува пролетта? Одговорот го има Сонцето

Во градинки ќе се примаат деца со три дози ДиТеПер вакцина и задолжителна ревакцина за шест месеци

Слика | Види како дошле викендаши на Прочка од Битола во Охрид