Мицкоски ги потврди носителите на листи кои тв 24 веќе ги објави, во 5-ка се бира меѓу Сајковски и Коцарев

Во пресрет на двојните избори напролет се заострува реториката, но и ветувањата на големите политички играчи во трка по гласови. На 30 март ВМРО-ДПМНЕ ќе стават потпис на коалициските договори, а на последниот ден од овој месец ќе ја промовираат изборната листа.

Според опозицискиот лидер Мицкоски се прават детални комбинаторики кој се ќе добие доверба, а извесни засега се само  носителите на листите, кои ТВ 24 ги објави пред три недели. Според него овие избори не се тест за европската иднина, туку одлука за неговата партија и лошите политики на неколкумина функционери од актуелната власт.

И неговиот политички опонент екс премиерот Ковачевски гои завршува преговорите со помалите коалициски партнери од неговата коалиција. Останува да виси евентуална средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, икао заедничките листи кои ги најавуваше отпаднаа. Тој е уверен во резервите политички капитал, ветува економски бум ако централната власт и натаму биде предводена од СДСМ.

Престојниот изборен процес покрај на домашна ќе биде тема и надворешна сцена.

Стејт Департментот преку соопштение информираше дека специјалниот пратеник на Соединетите Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар почнува турнеја по Балканот со која „ќе ја потврди посветеноста на земјите од Западен Балкан на патот на евроатлантските интеграции. На агендата на високиот американски дипломат е средба со претставници на Канцеларијата на ОБСЕ и ОДИХР со кои ќе разговара за изборите во Србија и Македонија.

Related posts

Загадениот воздух ја полни Клиниката за пулмологија – Скопје и денеска меѓу најзагадените градови во светот

Вкупно 33 години затвор добија велешаните кои сексуално злоупотребувале малолетничка

Видео снимките од првичните признанија на обвинетите за убиствата на Вања и Панче ќе се гледаат во судница