Трипуновски: Македонските земјоделци се револтирани и демотивирани

-Ова предизвикува револт и демотивација на македонските земјоделци и затоа се повеќе земјоделци го напуштаат полето и земјоделството како примарна дејност, рече тој.

МЗШВ

Дополнителниот заменик министер за земјоделство шумарство и водостопанство денеска е во работна посета на општина Битола.

При посетата остварени се повеќе средби со земјоделци од с. Велушина и с. Кравари каде што се разговараа актуелните состојби и проблемите со кои се соочуваат изминатиов период.

-Во 2016 година во Македонија под пченица биле некаде околу 80.000 ха, а во 2022 година површините паѓаат на 70.000 ха, што значи 10.000 ха помалку. Во 2016 година како држава сме произвеле 306.000 тони пченица, а во 2022 година некаде околу 224.000 тони пченица, што значи дека и површината се намалува и произведената пченица. Ова се официјални податоци од извештаите на државниот завод за статистика и годишните извештаи на министерството, изјави Трипуновски.

Како главна причина за оваа состојба Трипуновски ја наведе ланската ситуација кога за потребните на стоковите резерви наместо да се откупи домашната пченица, државата увезе пченица по далеку повисоки цени, а македонската домашна пченица остана не откупена.

-Ова предизвикува револт и демотивација на македонските земјоделци и затоа се повеќе земјоделци го напуштаат полето и земјоделството како примарна дејност, рече тој.

Related posts

(Видео) Доналд и Меланија танцуваа на балот, првата дама блесна во бел фустан и се насмеаОбјавено пред 12 минути – 21 јануари, 2025Од А. O. / Макфакс Доналд Трамп во понеделникот официјално стана нов претседател на САД. Церемонијата на инаугурацијата беше проследена со ручек и бал, а потоа Доналд и неговата сопруга Меланија танцуваа бал во конгресниот центар „Волтер И. Вашингтон“. dobivaj vesti na viber Меланија за која често се коментира како речиси секогаш намуртена во јавноста, имаше постојано насмевка на лицето додека танцуваше со сопругот. По впечатливото појавување со шеширот, Меланија подоцна се пресоблече во бел фустан без прерамки со елегантни црни детали.

Кузмановски: Сакаме победа против Гвинеја и пласман во втор круг на СП

Џејмс беше прашан дали го одигра последниот натпревар за Лејкерс. Еве што одговори тој