Филмот на Кристофер Нолан „Опенхајмер“ доби седум оскари – за најдобар филм, најдобра режија, најдобра машка улога, најдобра машка споредна улога, кинематографија, најдобра оригинална музика и за монтажа.
Прва беше доделена наградата за најдобра споредна женска улога. Во конкуренција беа Џоди Фостер, Емили Блант, Америка Ферера, Даниел Брукс, Двејн Рендолф. Двејн Џој Рендолф годинава го освои првиот Оскар за најдобра споредна женска улога за улогата во филмот „Holdovers“ („Академија Бартон“).
Оскарот за краток анимиран филм го доби филмот „Војната е завршена“ на Шон Ленон, синот на Џон Ленон. „Момчето и чапјата“ доби Оскар за долгометражен анимиран филм. Признание за Тоши Сузуки и легендарниот Хајао Мијазаки.
Филмот „Анатомија на падот“ доби Оскар за најдобро оригинално сценарио на Артур Харари и Џастин Трит.
Наградата за најдобро адаптирано сценарио ја доби Корд Џеферсон за „Американска фикција“.
Инаку, за време на доделувањето на Оскарот за најдобар костим, актерот Џон Сина се прошета гол на сцената.
Филмот „Зона на интерес“ на Џонатан Глејзер доби Оскар за најдобар меѓународен филм.
Оскарот за најдобра машка споредна улога ја доби Роберт Дауни Џуниор за неговата улога во филмот „Опенхајмер“.
Филмот „Дваесет дена во Мариопол“ доби Оскар за најдобар документарен филм.
На композиторот Лудвиг Јорансон му беше доделена наградата за најдобра оригинална музика за „Опенхајмер“.
Оскар за најдобра машка улога отиде во рацете на Силијан Марфи за улогата во филмот „Опенхајмер“.
„Јас сум горд Ирец што стојам овде вечерва“, рече Марфи, кој е номиниран за прв пат.
Ема Стоун е најдобрата женска актерка, за улогата во филмот „Сиромашни суштества“. Тоа е нејзин втор Оскар во кариерата, бидејќи првиот го освои за улогата во филмот „La La Land“.
Филмот „Сиромашни суштества“ освои четири Оскари за главна актерка, костимографија, сценографија, фризура и шминка.
Филмот „The Zone“ освои Оскар во категоријата најдобар странски филм и звук.