На денешен ден починал Михајло Пупин, градителот на камбанаријата во црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид за која го донираше тогаш најголемото ѕвоно на Балкано

Годишнина од смртта на Михајло Пупин: Ја изгради камбанаријата во црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид за која го донираше тогаш најголемото ѕвоно на Балканот.
На денешен ден во 1935 година во Њујорк почина светски познатиот научник Михајло Пупин, еден од великаните на физиката и електротехниката, кој дал особен придонес од областа на телекомуникациите, радиотехниката и радиологијата.
Според потомците на родот Пупин, семејството има македонски корени и се доселува во Вевчани од Москополе, каде живееле православни македонски и влашки родови.
Михајло Пупин бил професор по физика и математика на Колумбија во САД, го пронашол системот на повеќекратна фотографија и ги открил секундарните рендгенски зраци. Човештвото најмногу го задолжил со решението на проблемот на телеграфски и телефонски пренос на далечина. Студирал со стипендија на студии по математика и теориска физика во Кембриџ, Англија. Потоа, откако добро ги проучил делото на Максвел, продолжил да студира физика во Берлин. Соработката со Херман Хелмхолц, кај него уште повеќе ги развила желбите и способностите за експериментирање. Под негово менторство докторирал со одличен успех, на тема „Осмотскиот притисок и неговиот однос кон слободната енергија“.
Во САД, Михајло Пупин 5 години работел како чувар на магацин, физички работник, како бојаџија на коли, молер, и како ложач во една фабрика за бисквити во Њујорк. Во исто време започнал да посетува и вечерно училиште, како подготовка за приемниот испит на колеџот Колумбија, што потоа есента 1879 година го положил со одличен успех. Дипломирал за 4 години како најдобар студент, примил американско државјанство, и како професор по уметност, пак продолжил да студира. Семејните корени му се од с.Вевчани.

Related posts

Загадениот воздух ја полни Клиниката за пулмологија – Скопје и денеска меѓу најзагадените градови во светот

Вкупно 33 години затвор добија велешаните кои сексуално злоупотребувале малолетничка

Видео снимките од првичните признанија на обвинетите за убиствата на Вања и Панче ќе се гледаат во судница