Владимир Путин прогласи победа

Владимир Путин стана новиот стар претседател на Русија по убедливата победа на претседателските избори.

Путин прогласи победа, а за време на говорот во неговиот изборен штаб рече дека неговиот триумф на изборите ќе и овозможи на Русија да биде посилна и поефикасна.

– Драги пријатели, мило ми е што вечерва сум со моите другари и истомисленици. Историјата се повторува, се се повторува, а сите ние сме другари.

Сите сме еден тим. Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани на Русија кои излегоа на гласање и гласаа. Од секое гласање ја градиме заедничката волја на народот на Руската Федерација – рече Путин.

Тој им се заблагодари на граѓаните кои дојдоа на избирачките места, а особено им изрази благодарност на воините кои се борат во Украина.

– Колку и да се обидуваат да не исплашат, да ја потиснат нашата волја, нашата совест, никој во историјата не успеал. Не успеаја сега, па ќе пропаднат и во иднина – додаде Путин.

Поранешниот лидер на КГБ, кој е на власт од 1999 година, а ова ќе му биде петти мандат на чело на државата.

Да потсетиме, по прелиминарните резултати беше јасно дека Путин останува на чело на Русија, бидејќи доби повеќе од 87 отсто од гласовите.

Related posts

Американски новинар предупредува: Сите сме многу блиску до смртта

Ројтерс: Путин е подготвен да разговара со Трамп за крајот на војната – „Ова се неговите услови“

ДРЖАВНИТЕ ВИЛИ СО ГОДИНИ СЕ ЗАПУШТЕНИ И БЕЗ ИМОТНИ ЛИСТОВИ