,,СДС е тотално безидејна, критикува и изнесува лаги и квалификации само колку да критикува и биде присутна.
Во оваа програма се нуди трансформација и јакнење на животниот стандард.
Платформа 1198 гарантира отворање на нови 55.000 работни места и спуштање на невработеноста на 7.5%
Во програмата ВМРО-ДПМНЕ предвидува 3 милијарди евра за капитални инвестиции во период од еден мандат.
Буџетскиот дефицит кој сега од година во година е се поголем ќе се намали на под 3%.
Растот на економијата ќе достигне до 5% годишно.
Платформа 1198 предвидува дигитализација на државата.
Македонија земја со најниски даноци е проект кој ќе генерира нови инвестиции заедно со новата 10 годишна стретегија за привлекување на странски директни инвестиции.
Време е да ја вратиме државата на народот.”, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.