„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра

Фармацевтската компанија “Алкалоид” денеска пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови. Во него ќе се произведуваат таблети, филмувани таблети, капсули и двослојни таблети, кои за првпат се воведуваат како технологија за производство во државава овозможувајќи им на пациентите целосната терапија од неколку лекови да ја земаат само преку една таблета.

Со новите капацитети  двојно ќе го зголемат производството. Наместо досегашните  две милијарди таблети годишно новиот производствен капацитет е проектиран за повеќе од четири милијарди таблети.

  •  Нашата цел останува да се диференцираме преку знаење и развој на производи со додадена вредност, а на овој курс сме решени да останеме и во иднина, работејќи на натамошна глобализација на брендот ’Алкалоид’, достоинствено и посветено, со практикување на високи етички стандарди, кредибилитет и професионален пристап во севкупните операции, изјави Живко Мукаетов, ченерален директор и претседател на УО на “Алкалоид” АД Скопје
  • Продолжуваме да ги следиме новите трендови во фармацевтската индустрија. Сите ние заедно градиме заедно градиме фабрика на иднината што ќе ја оставиме на генерациите што следат, изјави Маја Лазарова, директор на оддел производство фармација во “Алкалоид” АД Скопје.

Новиот погон за производство на цврсти фармацевтски форми Таблетно одделение 2.0 е во вредност од 19,4 милиони евра и се простира на површина од 6.200  метри квадратни. Опремата е набавена од светски познати производители на опрема од овој вид

Ова е најголемиот инвестициски потфат на компанијата “Алкалоид” во последните 2 децении.

Related posts

Постигнат историски договор за платите на здравствените работници

Амандманска расправа за предлог – буџетот за 2025 во Собарнието

Министерот Николоски најави потенцијален влез на трет мобилен оператор во земјава