Двојна е предноста на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ, а убедливо водство има и Гордана Силјановска-Давкова пред Стево Пендаровски. Ова е впечатокот од вчерашната анкета на Институтот за Политички истражувања ИПИС Скопје.
Поддршка за ВМРО-ДПМНЕ е најизразена во првата и петта изборна единица. Во изборна единица еден на прашањето “за која партија ќе гласате на претстојните парламентарни избори“, за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле речиси два пати повеќе испитаници отколку за СДСМ,21.6 проценти спрема 11.3 проценти. Трета е ДУИ со 6.8 проценти, Левица има пет проценти а Коалицијата вреди 5.4.
Слични се резултатите и во петта изборна единица. Таму ВМРО-ДПМНЕ во март има рејтинг од 22.8 проценти. СДСМ 13 проценти. ДУИ 7.3 проценти, Левица 3.2 проценти. Алијанса на Албанците 1.4 процент, додека пак коалицијата Вреди 2.5 проценти. Движење ЗНАМ има 2.8 проценти.
Голем процент од граѓаните во изборната единица еден се убедени дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на претстојните парламентарни избори.