Црната кампања на власта нема да ја поремети ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски продолжува со позитивен пристап да нуди решенија

Црната кампања на власта нема да го смени позитивното делување на ВМРО ДПМНЕ на престојните двојни избори уверува лидерот на партијата Христијан  Тој ветува повеќе пари за граѓаните, обезбедувајќи најмалку 250 милиони евра годишно за општините. Мицкоски најави дека во фокусот на програмата на ВМРО ДПМНЕ, приоритет ќе бидат капиталните инвестиции.

„Планирани се до 250 милиони евра, средства кои што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата планира да ги реалоцира кон општините за проекти на општините кои што се од големо значење за граѓаните. Целта на овој проекти е да практично допреме до секое едно домаќинство, да ги задоволиме основните потреби со кој ќе обезбедиме поквалитетен живот на македонските граѓани во смисла на подземна инфраструктура, канализација водоводи, атмосферска и фекална асфалт, нови улици исто така онаму каде што е потребно нови градинки нови училишта како дел од проектот да нема веќе листи на чекање за дечињата во градинките во пред школската возраст и цениме дека на тој начин ќе ги решаваме основните потреби на граѓаните” кажа претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Меѓудругото, Мицкоски го искритикува претседателот на регулаторна за воведувањето на тн мрежарина со која сметките за струја на граѓаните секој месец се повисоки за 200 денари односно 236 со пресметан ДДВ.

„Она кое е важно, онаа наметната такса за пристап до мрежата која ја наметна октроираниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, целосно партизираниот Бислимовски, ќе бие укината. Цениме дека нема потреба од таков тип на оптоварување на граѓаните”, изјави Мицкоски.

Мицкоски вели дека за време на изборната кампања ВМРО-ДПМНЕ ќе биде насочени кон нудење решенија и политики наменети за решавање на  проблемите и потребите на граѓаните. Тој нема дилема дека ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари убедлива победа на престојните парламентарни и претседателски избори.

Related posts

Поддршка и лобирање за македонските интереси: Владина делегација на средба со нашинци од дијаспората

Пропадна планот на бојкотирачите – Македонија избра претседател со излезеност од над 40 отсто

Манипулативни насоки до избирачките одбори да ги прашуваат гласачите за кои избори сакаат да гласаат