УНГАРИЈА ПРОТИВ ЧЛЕНСТВОТО НА ПРИШТИНА ВО СЕ: Будимпешта нема да ја поддржи резолуцијата за Сребреница

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, по телефонскиот разговор со неговиот унгарски колега Петер Сијарто изјави дека земјата ќе гласа против членството на Косово во Советот на Европа.

Дачиќ на својот Инстаграм профил наведе дека имал значаен телефонски разговор со Сијарто, во кој на министерот за надворешни работи на Унгарија му пренел дека Србија континуирано се залага за деескалација, зачувување на мирот и стабилноста во регионот, како и за почитување на претходно постигнатите договори.

– Министерот Сијарто ми повтори дека Унгарија е заинтересирана за успех на дијалогот меѓу Белград и Приштина, но дека постојаната намера на Косово да се приклучи кон меѓународните организации не помага на овој процес и потврди дека Унгарија ќе гласа против во Комитетот на министри на Советот на Европа во однос на членството на Косово и тоа нема да ја поддржи резолуцијата за Сребреница во ОН, како и секој предлог што би довел до натамошна ескалација на тензиите во регионот – рече Дачиќ.

Тој додаде дека разговарале и за процесот на интеграција на Србија во Европската унија, што, како што рече, останува приоритетна цел на надворешната политика на Србија.

Related posts

Американски новинар предупредува: Сите сме многу блиску до смртта

Ројтерс: Путин е подготвен да разговара со Трамп за крајот на војната – „Ова се неговите услови“

ДРЖАВНИТЕ ВИЛИ СО ГОДИНИ СЕ ЗАПУШТЕНИ И БЕЗ ИМОТНИ ЛИСТОВИ