На што Израел потроши една милијарда евра за само една ноќ?

 

Бригадниот генерал Рем Аминоах, поранешен висок функционер на една од двете компании, кои ја создадоа непробојната израелска „Железна купола“ (систем за противвоздушна одбрана н.з.) проценил дека за да ги запре иранските проектили „Железната купола“ потрошила до пет милијарди шекели (околу една милијарда евра)

Целиот свет, а особено земјите од Блискиот Исток и средоземјето силно ги вознемири ракетниот напад на Иран врз Израел, пред три дена. На социјалните мрежи и на медиумите има бројни коментари, анализи и вести, а секој од нив соодветно на својот световид и страна на која и припаѓа дава плусови или минуси за двата најлути светски ривали Иран и Израел. Но во едно сите се сложуваат: ова е прв директен напад на Иран врз Израел и тоа е преседан. Овој воено-технолошки настан од висок ризик е повеќеслоен и може да се анализира од повеќе аспекти и при тоа секој од тие аспекти може да се интерпретира интердисциплинарно.

Израелската воздушна одбрана позната под своето популарно име Железна купола (Iron Dome) успешно ја заврши својата работа. Од досега достапните јавни податоци се знае дека Иран лансирал 331 наведувани летечки проектили со различна ударна и разорна моќ. Од нив, според се уште непотврдени податоци, само 14 успеале да ја пробијат израелската непробојна железна завеса односно познатиот железен штит. Според достапни, по уште непотврдени податоци Иран лансирал 185 камиказе дронови и сите тие биле урнати. Исто така непробојната израелска воздушна одбрана урнала или уништила во воздух 36 крстаречки проектили и уште 103 балистички проектили од вкупно 110. Непотврдени достапни информации наведуваат дека само 7 хиперсонични балистички проектили успеале да ја пробијат израелската одбрана и да завршат во воената авио база Неватим во израелската пустина.

Целта на оваа анализа беше да се добие податок за тоа колку Израел го чинеше активирањето и одбраната од сите дронови, крстосувачки и балистички проектили кои ги лансираше иранската војска.

Засега единствен јавно достапен податок даде Рем Аминоах (Reem Aminoach) поранешен бригаден генерал во израелската армија ИДФ (IDF) кој воедно е и експерт за финансии и сметководство. Според него за спречување на иранскиот напад активацијата на Железната купола чинела околу една милијарда евра односно до 5 милијарди израелски шекели.

Аминоах вршел високи функции во ИАИ (Israeli Aerospace Industries) една од двете компании (заедно со Rafael Advanced Defense Systems) кои ја креираа Железната купола.

Аминоах во својата војничка кариера бил член на Форумот на генерали на ИДФ, а исто така бил директор на секторот за буџетирање на израелското министерство за одбрана. Бил и главен финансиски советник на началникот на генералштаб на ИДФ. Во својата богата цивилна кариера Аминоах е и бил директор во компании од различни дејности од финансиски консалтинг преку логистика и транспорт до медицински центри. Негов актуелен ангажман е директорско место во израелска компанија ИЦЛ Груп која произведува специјализирани минерали неопходни за одржливо производство на земјоделски и инустриски производи и храна.

Изворно цитат од изјавата на бригадниот генерал на следниот линк https://www.instagram.com/justeventonline/p/C5vwc1zoP9u/

Related posts

Американски новинар предупредува: Сите сме многу блиску до смртта

Ројтерс: Путин е подготвен да разговара со Трамп за крајот на војната – „Ова се неговите услови“

ДРЖАВНИТЕ ВИЛИ СО ГОДИНИ СЕ ЗАПУШТЕНИ И БЕЗ ИМОТНИ ЛИСТОВИ