Протест во „национални шуми“ – предизборните вработувања ги оставија вработените без плата

“Лопови и криминалци, доста ги лажете работниците од национални Шуми!” На вработените во државното претпријатие македонски шуми им пукна филмот. Од улица го истурија револтот кон менаџментот поради чии погрешни политики трет месец не можат да земат плата. Реагираат дека државното пертпријатие пропаѓа поради партиските вработувања и повисоките плати на функционерите. Велат дека е недозволивво шумарски инженер да заработува околу 25.000 денари месечно која не е доволна за да се преживее.

  • „Ако можеа да вработуваат луѓе пред избори и да ги лажат, треба да обезбедат плата за сите луѓе сега, а не да одат само по градовите и да имаат лажни ветувања. Ова го упатуваме до сите преставници на власта, до сите политички партии, кога одат по градовите, да ги прашаат луѓето за нивните проблеми, а не да кажуваат што ќе направат или што не направиле тие пред нив.“ Изјави Иван Пешевски од ССМ.

Работниците реагираат дека критиките за лоповлуук во претпријатието треба да бидат насочени кон раководните структури, а не кон вработените кои се борат за корка леб. Ако нема соодветна реакција за решение на проблемите најавуваат радикализација.

  • „Овие протести планираме и да ги радикализираме пред влада следните денови, да го заокружиме и први мај како меѓународен ден на трудот, меѓутоа, верувајте дека ќе бидеме се побројни и погласни, особено вработените во јавниот сектор. Бидејќи врие и во Паркови и зеленило и во Комунално, во Водовод, во Водостопанство, Македонски пошти, културните работници и сите се со мизрени плати, наспроти платитие на функционерите.“ – Порача Иван Пешевски.

Само во последните два месеца, во државото претпријатие имало 355 нови вработувања, за сега да не можат да се обезбедат средства за пклати за сите 1800 работници. Алфа ТВ упати прашања до јавното претпријатие кое го раководи Валентин Груевски, како кадар на ЛДП зошто со месеци нема плата, но, оттаму одговор нема.

Related posts

Постигнат историски договор за платите на здравствените работници

Амандманска расправа за предлог – буџетот за 2025 во Собарнието

Министерот Николоски најави потенцијален влез на трет мобилен оператор во земјава