Зголемен интерес за автомобилски кредити

МОНЕТАРНИ ДВИЖЕЊА ВО МАРТ 2024

Во март 2024 година, паричната маса забележа месечен пад од 0,9%, којшто се должи на намалените депозитни пари и краткорочни депозити, во услови на раст на долгорочните депозити до две години и готовите пари во оптек. Како што информираат од Народната банка на годишна основа, паричната маса е зголемена за 6,6%, а вкупните депозити во март, се намалени за 0,9% на месечна основа. Споредено на годишна основа, остварен е раст од 9,3%, поради зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес кон растот на депозитите на секторот „домаќинства“.

-Вкупните кредити, во март, забележаа месечен раст од 0,3%, поради зголеменото кредитирање на секторот „домаќинства“. Годишниот раст изнесува 6,1% и се должи на повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“-информираат од НБ и дополнуваат дека истиот месец  вкупните депозити на корпоративниот сектор, се намалени за 2,4% на месечно ниво., но на  годишно ниво, депозитите на корпоративниот сектор се зголемени за 12,2%.

На годишна основа  е забележан раст од 5,4%, којшто во целост произлегува од зголеменото кредитирање во денари, во услови на пад на кредитите во странска валута. Во март има раст и на вкупните депозити на домаќинствата за 0,1% и 8,7% на месечна и на годишна основа, соодветно.

‒ Кредитите на домаќинствата се зголемени за 0,5% на месечна основа, при годишен раст од 6,8%. Гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, е забележан месечен раст од 0,4% и 1,0%, соодветно, при годишен раст од 5,8% и 10,4%, соодветно. Автомобилските кредити, овој месец, се зголемени за 1,8% и 13,1% на месечна и на годишна основа, соодветно, додека кредитите одобрени на кредитните картички забележаа месечен и годишен пад од 0,8% и 6,8%, соодветно. Во март, негативните салда на тековните сметки остварија месечен раст од 2,3%, при годишно зголемување од 6,1%. Кај кредитите одобрени врз други основи е остварен месечен пад од 1,7%, додека на годишна основа се намалени за 21,2%-информираат од НБ.

Related posts

Постигнат историски договор за платите на здравствените работници

Амандманска расправа за предлог – буџетот за 2025 во Собарнието

Министерот Николоски најави потенцијален влез на трет мобилен оператор во земјава