Кој директор на државна фирма потроши 35 милиони евра за само два месеца?!

Државните електрани во тек на 2021 година продал 223.500 мегаватчасови струја, на аукции за трговци, по просечна цена од 63 евра за мегаватчас, пренесе Фактор. И тоа им се вратило како бумеранг! Затоа што од 7 ноември до 31 декември таа година платија 34,7 милиони евра за да купат од трговците 136.176 мегаватчасови електрична енергија. Дали е ова е еден од „најголемите деловни подвизи“ на ексдиректорот Васко Ковачевски?

Државниот производител на електрична енергија ЕСМ (поранешен ЕЛЕМ) за неполни два месеци во 2021 година потрошил 34,7 милиони евра за да купува струја. Во периодот во кој со таа голема домашна компанија директорувал Васко Ковачески, ЕСМ се довел во ситуација да нема доволно сопствено производство и да мора да купува струја по цена која изнесувала 255 евра за еден мегавачас електрична енергија.

Ова се официјални податоци кои се јавно достапни во годишниот извештај за работата на ЕСМ за 2021 година. Овие податоци, по три години, всушност се и официјална потврда на поранешните објави на „Фактор“ во кои пишувавме за тоа дека државната компанија се доведе во ситација да остане без енергија и да мора да купува по изгор-цени.

Најжално е тоа што истиот менаџмент предводен од Ковачевски претходно во текот на таа година (2021) продавал електрична енергија произведена од ЕСМ и тоа по просечна годишна цена од 63 евра за еден мегаватчас. Но во ноемрви 2021 година заради начинот на работење на кои им претходеле хавариите во рудниците за јаглен заради поплави се довеле во ситуација да мора да купуваат струја по просечна цена од 255 евра за еден мегавтчас.

И да се знае дека во јули и август, кога се случила хаваријата во рудниците за јаглен, ЕСМ наместо да купи евтина струја (не поскапа од 70-75 евра за мегаватчас) „ги газел турбо“ хидроцентралите и од нив „истискал“ 209.000 мегаватчасови електрична енергија. И тоа им се вратило како бумернаг во ноември и декември кога плаќаа 255 евра за еден мегаватчас електрична енергија. Така ова раководство на ЕСМ продало 223.500 мегаватчасови струја од што инкасирало 14 милиони евра, а во ноември и декември купило 136.176 мегаватчасови струја за што платило 34,7 милиони евра. Повеќе на Фактор.мк.

Related posts

Постигнат историски договор за платите на здравствените работници

Амандманска расправа за предлог – буџетот за 2025 во Собарнието

Министерот Николоски најави потенцијален влез на трет мобилен оператор во земјава