Столтенберг: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток

 Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.

– Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, додаде тој.

Според извештаите на медиумите, Израел рано утринава ја нападнал иранската провинција Исфахан како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.

Related posts

ЕKСKЛУЗИВНО: Во манастирот каде што се Чува Черепот на светецот Св.Климент

Проф. Јаковљевиќ за МИА: Македонските граѓани можат да не контактираат за вакцината за рак доколку ги исполнуваат строгите критериуми

АВИОНОТ ШТО СЕ УРНА БИЛ СТАР 50 ГОДИНИ, ГО НАРЕКУВАЛЕ „ЛЕТЕЧКИ ТРАКТОР“ Русија се мачи да ги одржува старите летала поради западните санкции