ВМРО-ДПМНЕ: Победата е јасна и на претседателските и на парламентарните избори

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија денеска одржа предизборен митинг во Могила, а потоа во Битола.

Лидерот на партијата Христијан Мицкоски се обврза на брзи резултати и исполнување на она кое што го ветија за да се трансформира Македонија напред.

„Вие сте нашиот мотиви и сила. Без вас ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Македонија, ниту коалицијата Твоја Македонија нема да биде тоа што сме денеска. А што сме денеска? Денеска после првиот круг на претседателските избори можам гордо да кажам дека народот и коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ направија историски најголема коалиција и како резултат на таа коалиција професорката Гордана Силјановска Давкова има повеќе од два пати гласови од нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски“, рече Мицкоски.

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител листата за пратеници на ИЕ 4 нрече дека на сите им е јасна нивната победа и на претседателските и на парламентарните избори на 8 мај.

„Мислам дека на сите им е јасно дека победата е јасна и на претседателските и на парламентарните избори и ни остануваат уште неколку пречки на патот кој мораме да ги прескокнеме“, рече Николоски.

Тој побара сите граѓани да излезат да го остварат своето право на глас, затоа што седењето дома не е опција.

„Првата пречка поради која ние е потребна масовна референдумска излезност во однос на претседателските избори е да ги анулираме сите сценарија на оние кои не се откажуваат од власта, пред се, тука мислам на политичката партија ДУИ која што подготвува бојкот на претседателските избори. За да не им успее бојкотот потребно е секој еден од вас да поразговарате со сите кои ги познавате и сите да излезат на гласање. Останување дома не е опција на овие избори, затоа што на 8 ми мај треба да избереме претседател на Македонија со најубедлива победа до сега“, кажа Николоски.

Потоа Николоски посочи дека втора пречка која треба да се надмине и кои сите ја посакуваат е да се има цврста, стабилна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со силно мнозинство кое нема да биде уценувано во Собранието. Според Николоски трета пречка која треба да се надмине е да се реши криминалот и корупцијата.

Related posts

Муртезани: секое решение што дава гаранции за евроинтеграциите за нас е прифатливо

Просветни инспектори влегоа во училиштето во Челопек, се проверуваат и училишта во Чаир, Струга и Тетово

Влада: Оставката на Дамева е единствената можна и исправна одлука