Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица – Штука“

„Еуромакс Ресоурцес” упати последно предупредување пред да ja даде државата на арбитража. Доколку до крајот на годината Владата не донесе одлука за спојување на двете концесии за рудникот за бакар “Иловица – Штука” од компанијата се категорични дека ќе бараат голема отштета пред арбитражен суд. Од менаџментот сметаат дека правните околности се на нивна страна.

– Не можеме повеќе да одолговлекуваме, чекајќи политички одлуќи за игнорирање на правните околности. Ако политиката спротивно на законот каже не за нов и модерен рудник за бакар има правен епилог кој нема да биде поволен за државата, а за жал и за нејзините граѓани, изјави Тимоти Морган Вин, главен извршен директор на Еуромакс Ресоурцес.

И правниот застапник на компанијата е уверен дека државата ќе го изгуби спорот пред арбитража и граѓаните ќе треба да платат огромна сума- изразена во 7 цифри.

– И на крајот верувајте ми, Северна Македонија ќе го изгуби овој спор и луѓето во оваа земја ќе мора да исплатат значителен износ на средства, изјави Габриел Лански, правен застапник на „Еуромакс Ресоурцес”.

Проектот на “Еуромакс Ресоурцес” за рудникот Иловица – Штука е во ќорсокак откако Владата во јули лани ја поништи одлуката за спојување на концесиите што ја донесе само еден месец претходно.

На ова им претходеа и протести на граѓани од струмичката котлина организирани од еко активисти. Според нив рудникот ќе ја загадува животната средина, а од компанијата пак тврдат нема да користат цијанид и нема да испуштаат вода.

Related posts

Американски новинар предупредува: Сите сме многу блиску до смртта

Загадениот воздух ја полни Клиниката за пулмологија – Скопје и денеска меѓу најзагадените градови во светот

Вкупно 33 години затвор добија велешаните кои сексуално злоупотребувале малолетничка