Загадениот воздух ја полни Клиниката за пулмологија – Скопје и денеска меѓу најзагадените градови во светот

Најзагаден град во Европа и меѓу првите 10 во светот. Веќе неколку денови во Скопје тешко се дише. Висока концентрација на штетни ПМ честички имаме речиси и во цела Македонија. Многу граѓани веќе ги чувствуваат последиците врз здравјето. Најзасеганати се лицата со хронични белодробни заболувања. На Клиниката за пулмологија бележат зголемен број на пациенти. Дневно во амбулантите имаат и над 100 прегледи, а исполнети се и местата за хоспитализација поради лошата комбинација на загададен воздух со вируси.

– Воздухот, особено во нашиот град, е загаден преку целата година, меѓутоа драматично станува за време на зимските периоди, потсети таа, а тоа имало големо влијание за влошувања кај пациенти со ХОББ, изјави д-р Јагода Стојковиќ, Клиника за пулмологија.

– Најмалите честички влегуваат во крвотокот и според последните статистики, секое 6-7 дете што се раѓа има проблеми со белодробниот систем поради загадениот воздух, изјави Д-р Оливер Зафировски, директор на Клиниката за пулмологија.

Токму цигарите и аерозагадувањето се главни причини и за хронична опструктивна белодробна болест, од која страда 8 проценти од населението во земјава. Пулмолозите советуваат да не се занемарува секоја кашлица и навреме да се побара лекарска помош.

– Многу е важно болеста да биде дијагностицирана рано, изјави д-р Деска Димитриевска, од Клиниката за пулмологија и претседател на Македонското респираторно здружение.

Лекарите апелираат секој од нас да придонесе за почист воздух, а надлежните институции да бидат поефективни за да го заштитат здравјето на граѓаните со поголема контрола врз индустријата и подобар јавен превоз.

– Прво мораме да имаме лична одговорност . Чадот кој се ослободува од цигарите е составен дел од загадувањето исто така и она што го користиме за греење, изјави Д-р Марија Здравеска, од клиниката за пулмологија.

– И да се исчистат улиците во Скопје, јас не памтам од кога не се исчистени, рече д-р Димитриевска.

Во меѓувреме, лекарите советуваат при висока загаденост на воздухот граѓаните кога излегуваат да носат маски.

Related posts

Вкупно 33 години затвор добија велешаните кои сексуално злоупотребувале малолетничка

Видео снимките од првичните признанија на обвинетите за убиствата на Вања и Панче ќе се гледаат во судница

ДРЖАВНИТЕ ВИЛИ СО ГОДИНИ СЕ ЗАПУШТЕНИ И БЕЗ ИМОТНИ ЛИСТОВИ