НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗЕЊЕ КАДЕ САКАТЕ! Граѓаните ќе бидат детективи и ќе ги пријавуваат злоупотребите на службените возила

Директорот Томовски нагласи дека се работи на нов регистар за сите службени возила во државата, со бројка од околу 6.500 возила.

Службата за општи и заеднички работи при Владата на Република Македонија започна радикални промени во управувањето со службените возила и другите ресурси. Според директорот Ивица Томовски, наследената состојба била хаотична, со неефикасни возила, нередовни сервиси и проблеми со транспарентноста.

Томовски откри дека од вкупно 120 возила во сопственост на СОЗР, само 10 биле функционални.

– Половината од нефункционалните возила веќе се ставени во употреба, а за останатите е започната постапка за продажба – изјави тој.

– Со овие таблици ќе спречиме злоупотреби. Планираме и телефонски линии каде граѓаните ќе можат да пријавуваат несоодветно користење на службени возила – посочи Томовски.

Воедно, тој нагласи дека се работи на нов регистар за сите службени возила во државата, со бројка од околу 6.500 возила.

Реформите опфаќаат и подобрување на рестораните под надлежност на СОЗР, кои според Томовски, претходно биле во катастрофална состојба и без основни намирници.

Related posts

Тошковски: Македонија не е случајна творба, туку резултат на вековна борба

Време е за републиканска пролет – порача за Илинден претседателката Давкова

7 ПОЖАРИ СЕ АКТИВНИ, 2 СЕ ИЗГАСНАТИ Жариштата кај Серта и Готен се под контрола