Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека денешните настани во Собранието, каде што се случи физичка пресметка меѓу пратениците од опозицијата и власта, биле кулминација на сето она што се случувало на улиците претходните денови, оценувајќи дека тоа е „политички автогол на опозицијата“.
„Буџетот е најважниот закон што го носите во годината. Со буџетот одредувате сè – политика, пари, сè. Ако е така, еве ви шанса, владата ќе падне врз буџетот. безброј часови да се разговара, поднесени се 450 амандмани и на крајот не ги интересираше ниту еден нивен амандман“, изјави Вучиќ во гостување на телевизијат „Пинк“.
Според Вучиќ, имало многу полоши денови во Парламентот од денешниот, а тоа што се случило не било вистинска тепачка, туку туркање.
„Не видовме тепачка, немаше вистинска тепачка овде, ова е туркање и кошкање, нема да направам нешто поголемо за да добијам политички поени, како кога типот вреска како да не знам кој е и што му прават, а тие само го носат“, рече Вучиќ.
Како што наведе, опозицијата најавила дека ќе има опструкција на работата на Парламентот.
„Тие рекоа, не ни криеја, секој, од Јовановиќ до секој од нив, дека нема да дозволат да се одржи седницата. Сакаа да не се одржи седница за буџетот. Премиерот се подготви, се подготви и министерот за финансии, десет дена планираа да поминат во Парламентот, а тие (опозицијата) не сакаа ни секунда, цело време стоеја до Ана (Брбаниќ, претседателка на Парламентот), таа ги прашува дали некој сака да зборува и никој од нив не се јавува, дуваат во тие вувузели, рикаат, викаат, пиштат“, рече Вучиќ.
„Како некој донекаде искусен во оваа работа, можам да ви кажам – си нанесоа многу, многу, многу сериозен удар. Тоа е вистински политички автогол и тука нема голема филозофија“, рече Вучиќ.