Голем пожар кај Лос Анџелес: Евекуирани десетици илјади луѓе

пред 24 минути

Шумски пожар предизвикува уништување и хаос на југот на американската сојузна држава Калифорнија. Првично малиот пожар во областа Пасифик Палисејдс се претвори во огнен пекол за неколку часа поради силните ветрови.

https://p.dw.com/p/4ovlZ
Малиот пожар за неколку ќаса се претвори во уништувачка огнена стихијаФотографија: Ethan Swope/AP/dpa/picture alliance

Повторно избувна пожар во предградие на Лос Анџелес. Густи облаци чад се издигнуваат над калифорниската метропола. Пожарот брзо се шири, а според противпожарната служба веќе се зафатени повеќе од 500 хектари. Наредена е евакуација на 30.000 жители. Најмалку 13.000 згради се загрозени од шумскиот пожар. Пожарот избувна доцна утрото во населбата Пасифик Палисејдс, каде живеат околу 25.000 жители. Округот се граничи со планините Санта Моника во северозападниот дел на Лос Анџелес.

Пожарникарите се борат да спасат опожарените домовиФотографија: Etienne Laurent/AP/picture alliance

Нема загинати или повредени

Исплашените жители на населбата ги оставија своите автомобили на еден од ретките патишта кои водат и излегуваат од погодената населба и пеш избегаа од пламените јазици. И покрај хаотичната евакуација, нема загинати или повредени, изјави шефицата на противпожарната служба во Лос Анџелес, Кристин Кроули. Стотици пожарникари го гаснеа шумскиот пожар во областа од земја и од воздух. Според официјалните извештаи, неколку куќи веќе се уништени во пламенот. „Сè уште не сме надвор од опасност“, изјави началникот на противпожарната служба на округот Лос Анџелес, Ентони Мароне.

Поради силните ветрови пожарот неконтролирано се шириФотографија: Ethan Swope/AP/picture alliance

Бајден информиран за состојбата

Пожарот беше поттикнат од силните ветрови: топлите ветрови наречени Санта Ана, типични за зима во Калифорнија, го погодија регионот и, според прогнозите, може да прерасне во најлошата бура во последната деценија. Според податоците на американската метеоролошка служба, се очекува засилување на на ветровите и до брзина од 160 километри на час.

За пожарот бил информиран  претседателот на САД, Џо Бајден, соопшти Белата куќа. Тимот на Бајден е во контакт со локалните власти за да понуди федерална помош.

Related posts

По заканите на Трамп: Канада не сака да стане дел од САД

Нов систем на границите на ЕУ од 2025 година: Како ќе функционира и за кого ќе важат правилата?

Победниците и губитниците од падот на Асад