Премиерот Мицкоски заминува во САД, на инаугурација на Трамп, претседателката Давкова не добила покана

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со тројца владини фуанкционери заминуваат во САД на инаугурацијата на Трамп.

Од владата официјално го потврдија составот на делагацијата која заминува во Вашингтон заедно со премерот патуваат и министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски, вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков.

„Делегацијата предводена од македонскиот премиер Мицкоски ќе присуствува и на свеченоста насловена „Гласови на слободата“ која ќе се одржи по инаугурацијата организирана од компаниите „Трамп медиа“ и „Рамбл“. Очекувањата се дека за време на престојот премиерот Мицкоски ќе оддржи повеќе билатерални средби, контакти и средби со повеќе луѓе од новата администрација на американскиот претседател. Исто така Мицкоски ќе има средба и со бизнисмени со македонско потекло.“ – Влада.

Соопштија од Владата. Претходно од таму ги негираа тврдењата на дел од бугарските емдиуми дека Мицксоки бил поканет од пи ар агенција „Дашл груп“, со која партијата имала децениски договорот. Претседателката Силјановска Давкова не добила покана од Трамп.

„Немаме добиено покана за чинот на инагурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.“ – велат извори од кабинетот.

Со покана за присуство се пофалија од владината коалициј Вреди. Оценуваат дека ваквиот потег е важен чекор кон зајакнување на односите со САД.

„Соединетите Американски Држави заземаат важно место во историјата на патувањето на нашата земја од независноста. САД силно ги поддржуваат аспирациите на нашата земја за целосна интеграција во евроатлантските институции и се посветени да и помогнат на Северна Македонија да работи кон инклузивна демократија и одговорно владеење пред нејзините граѓани.“ – велат од Вреди.

Според информации на ТВ 24, на пат за Вашинготн веќе е еден од лидерите на коалицијата и министер за здравство Арбен Таравари. Тој ни потврди дека заминува на покана врз основа на пријателски релации што ги има со луѓе од САД. Чинот на положување заклетва на новоизбраниот претседател на САД е традиција која генерлано се смета за домашна работа. Но, Политико нотира на дел од цермонијата ќе бидата престдатели и премиери  на држави кои важат за подржувачи на Трамп и на десничарските политики. Според информациите на Политико, Трамп дури телефонски лично ги ппоканил дел од нив. Од регионот, иако важи за близок, во САД нема да земине унграскиот премиер Орбан. Покана нема за претседателката на Европска комисија Урсула фон дер Леен.

Засега нема потврда дали во САД заминува и претседателот на Србија Александар Вучиќ кој во моментов се соочува со големи протести и немири низ Србија. Покана не добиле ниту претседателот Румен Раден, ниту поранешниот премиер Бојко Борисов, пишуваат бугарските медиуми. Од Софија заминуваат 8 члена, делагација во која се  научници, пратеници и преставници на бугарскиот конгрес во САД.

“Претседателството  пред неколку дена се јавило загрижено да праша што се случува и зошто Румен Радев се уште не ја добил поканата да ја планира посетата на Вашингтон.“ – пишува буграски  Мигњус.

На иаугурацијата ќе присутвува италијанската премиерка Мелони, потоа престдателите на Аргентина и Еквадор, ќе присуствува и индискиот министер за надворешни работи. Пред еден месец бил поканет и престдателот на Кина Си Ѓинпинг. Трамп ќе ја положи свечената заклетва на затворено, зградата на Капитол на САД во Вашингтон во понеделник.

Официјално прчината за одржување на свечената церемонија во затворен простор се ниските темепратури. Во меѓувреме, за безбедноста ќе се грижат 25 илајди полицајци. Вашинготн веќе поставува бодликава жица со Мексико.

Related posts

Трамп инаугуриран, рекорди за биткоини, без забрана за TikTok

Мицкоски во Вашингтон на средба со претставници на „Македонија 2025“

Првите извршни наредби на Трамп укажуваат на неговите цели