Фани Каранфилова јавно излажа дека владата на СДСМ го потпишала договорот за Стратешко партнерство со САД

„Се замолува потпретседателката на СДСМ да не ја манипулира јавноста“. Ова денеска го објави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, откако потпретседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска во емисијата „360 Степени“ рече дека Владата на СДСМ го поптишала Договорот за стратешко партнерство со САД.

Милошоски објави и фотографија од 7 мај 2008 година на којашто е во друштво на Кондолиза Рајс, државен секретар на САД во администрацијата на тогашниот американски претседател Џорџ В. Буш. Фотографијата, како што подвлече Милошоски, е направена при потпишувањето на Договорот за стратешко партнерство помеѓу Македонија и САД.

Related posts

Тошковски: Македонија не е случајна творба, туку резултат на вековна борба

Време е за републиканска пролет – порача за Илинден претседателката Давкова

7 ПОЖАРИ СЕ АКТИВНИ, 2 СЕ ИЗГАСНАТИ Жариштата кај Серта и Готен се под контрола