7 ПОЖАРИ СЕ АКТИВНИ, 2 СЕ ИЗГАСНАТИ Жариштата кај Серта и Готен се под контрола

Шумскиот појас, кој гори на планината Готен од страна на Берово, во моментов е ставен под контрола, изјави за МИА, Димитар Гошевски, командир на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ)-Берово. Под контрола е пожарот меѓу селата Драгоево и Селце на планината Серта во општина Штип.


На ден 24.07.2025 година, се евидентирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои 7 се активни, 3 се под контрола и 2 се изгаснати, информираше Центарот за управување со кризи во објава на официјалната Фејсбук страница.

Меѓу активните пожари набројани се жариштата во село Нивично кај планината Голем Готен, кај прилепско Бешиште, кај Церово и Групчин, пожарите кај Крапа, Грешница, Латово и Црешнево во Македонски Брод.

Шумскиот појас, кој гори на планината Готен од страна на Берово, во моментов е ставен под контрола, изјави за МИА, Димитар Гошевски, командир на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ)-Берово.

Тој вели дека на терен се пожарникари, доброволци, вработени во ЈП „Национални шуми“ и се надева дека нема да се дозволи негово проширување.

Под контрола е пожарот меѓу селата Драгоево и Селце на планината Серта. Командирот на Територијалната Противпожарна единица-Штип, Благој Ренџов, изјави дека досегашните анализи покажуваат дека 70 до 80 отсто од пожарите на отворено се подметнати.

Можеби ќе ве интересира

– На терен од вчера сме 15 пожарникари со четири возила, а денеска имаме уште четири возила од македонската интервентна единица и сме горе на сртот, пробуваме да го сопреме огнот да се шири – изјави Ренџов.

Изгаснати се пожарите кај далеководите во скопско Чучер Сандево и кај кумановско Речица.

Изгаснат е пожарот на депонијата „Краста“ во Куманово, информираа денеска надлежните од ЈП „Чистота и Зеленило“. Пожарот избувнал утрово, и според првичните проценки станува збор за самозапалување.

– Пожарот избувнал во горниот дел од депонијата, веројатно од самозапалување. За два и пол часа, пожарот го санираа наши екипи со цистерна, со затрупување на земја. Помогнаа и општествено-одговорни компании, на кои им изразуваме благодарност – изјави директорот на претпријатието, Ненад Стојановски.

Депонијата „Краста“ функционира од 1958 година и зафаќа површина од 12, 5 хектари. Тука се складира сметот на градот со над 100.000 жители. Дневно на депонијата се изнесува од 120 до 150 тони смет.

Related posts

Медицинските сестри во Тетово на чекор пред трајно вработување

Мицкоски за коалицирањето со ЗНАМ и ВРЕДИ за локалните избори: Разговорите се конструктивни, детали во втората половина на август

ЦУК: Во изминатото деноноќие имаше 38 пожари, активни се 6, а 5 се под контрола