Македонскиот БДП по жител е 8.025 евра, ДЗС ги објави дефинитивните податоци за 2023 година

 

Бруто-домашниот производ во 2023 година изнесуваше 902 905 милиони денари и во однос на 2022 година е номинално зголемен за 10,6 %. Реалната стапка на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во 2023 година, во однос на 2022 година, e 2,6 %, објави Државниот завод за статистика

БДП во 2023 година изнесуваше 902 905 милиони денари и во однос на 2022 година е номинално зголемен за 10,6 %.

Најголемо учество во додадената вредност со 18,6 % во структурата на БДП во 2023 година имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.

Инвестициите во основни средства во 2023 година, во однос на 2022 година номинално пораснаа за 13,6 %, а во стуктурата на БДП учестуваат со 24,7 %.

Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 57,8 %, машините и опремата со 32,5 %, а останатите инвестиции со 9,7 %.

Финалната потрошувачка во 2023 година, во однос на 2022 година, номинално порасна за 9,1 %, а во структурата на БДП учествува со 83,4 %.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2023 година e 67,4 %.

Главни поенти

Во 2023 во однос на 2022 година бруто-домашниот производ:

  • Реално е зголемен за 2,6 %
  • Номинално e зголемен: за 10,6 %
  • По жител е 8.025 евра

Related posts

Потпишан Меморандум со „Казанџи Холдинг АС“ за нов енергетски проект вреден милијарда евра

Мицкоски ќе се сретне со Шабан Џемаил, претседавач на турската „Казанџи Холдингс АС“

За минимум живот 1.062 евра: Една или пет потрошувачки кошници, цените секако растат