Убавините на Охрид и Македонија се претставуваат на саемската манифестација ИТБ Берлин 2024

Берлин/Охрид, 5. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) и оваа година од 5-ти до 7-ми март, заедно со туристичкиот сектор се дел од интернационалната саемска манифестација ИТБ Берлин 2024.

– Светската туристичка берза ИТБ Берлин ги отвори вратите за илјадници туристички посетители кои нудат атрактивни и иновативни туристички продукти со фокус на одржливи туристички дестинации, а со тоа и поддршка на локалното производство и локалната економија. Македонските туроператори Fibula Travel Macedonia, BademTour „Balkan Incoming“, Experience Balkan, DMC Balkans Travel & Events, Macedonia Experience, WishCo DMC и хотелиерите Resort Mavrovo, Hotel TinoТ, Skopje International Airport – SKP, ABC Rent a Car Tours со конкурентна понуда и услуги ги промовираат можностите кои ги нуди Македонија на туристите од Германија. Овој туристички пазар станува приоритетен, поткрепено со фактот дека туристите од Германија се во првите пет по престој во земјава, со остварени 35.000 туристички посети за 2023 година, информираат од АППТ.

Додаваат дека на репрезентативниот штанд, кој ги отсликува туристичките дестинации во земјава директорката на Агенцијата за туризам, м-р Јасмина Лескаровска потпиша Меморандум за соработка со цел да се обнови комуникацијата со германската организација „ASR“ (Алијанса на независни туристички трговци) која ги застапува интересите на самовработените средни бизниси во германската туристичка економија, со главниот фокус на основање на меѓународни партнерства.

– Потпишан е Меморандум на соработка со германската организација „FAR“- водечка мрежа на германски тур-оператори посветени на одржливост на дестинациите. Соработката е во насока на организирање на информативно патување во Македонија за сите заинтересирани туроператори од Германија кои ќе ја вклучат нашата дестинација во туристичките понуди за германските туристи, потенцираат од АППТ.

Related posts

Кој директор на државна фирма потроши 35 милиони евра за само два месеца?!

Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица – Штука“

Зголемен интерес за автомобилски кредити