Европскиот земјоделски бунт се шири и во Mакедонија: Закани за блокирање на Свети Николе со трактори

 „Во колку немат слух, не дојдат за да ни објаснат што се случува и како понатаму ќе се одвиват работите , ние не техничка Влада, кој сака нека биде со трактори и целата машинерија со која располагаме ќе излеземе на протест. Не гледаме дали ќе биде центар или влезот или излезот на градот , ќе блокираме и не ги тргаме тракторите се додека не дојдат и не ни објаснат што ќе биде со таа земја„ изјави земјоделецот Љубе Атанасов.

Бидејќи договорите за закуп не им се продолжени, земјоделците стравуваат дека ќе ги изгубат и субвенциите. Бараат со анекс договори земјата на плодоуживање да ја добијат на 15години, со што ќе ги избегнат и трошоците за катастер и елаборати кои се движат од 30 до 40.000денари.

  „Да ги потсетеме горе во земјоделие да потхитно да ни ги продолжат договорите. 88земјоделци сме поднеле документи  и ние од таа земја живееме“ изјави претседателот на „Овчеполски фармер„ Ангел Стојчев.

Според „Овчеполски фармер„  станува збор за околу 1500 до 2000хектари ниви и дел од нив веќе се посеани.

Related posts

Интерконекторот со Грција треба да обезбеди нов правец за посигурно снабдување со гас

Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија околу спорот со Бугарија

ФЕЉТОН„Еден век прогон: Од Чакаларов до децата бегалци“5,6,7 И 8 ДЕЛ