Врховен суд денеска ќе одлучува по Иницијатива на Адвокатското друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“ од Охрид за загадениот воздух

  На Општа седница на Врховниот суд денеска ќе се расправа за тоа дали државата е виновна што македонските граѓани со години дишат загаден воздух, кој сериозно го нарушува нивното здравје.

На дневен ред ќе се најде Иницијатива за утврдување начелен став и начелно правно мислење поднесена од Адвокатско друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“ од Охрид, а за која „Фокус“ јави дека се однесува на загадениот воздух.

Се’ почна пред околу три години, кога за првпат во државава, но и во регионот, неколкумина граѓани решија по судски пат да си го побараат она што им следува по закон и Устав, односно да дишат со полни гради. По кревање на раце на понискиот суд, ова важно прашање пред околу една година стигна до Врховниот, како највисок суд. Неколкумина адвокати, од адвокатските друштва „Бона Фиде“ и „Гоџо, Кичеец и Новакоски“ го прифаќаат предизвикот и застапуваат неколкумина граѓани, преку 11 предмети пред Управниот суд.

Поголемиот дел се завршени со одбивателни пресуди, по што предметите стигнале на следната адреса, а тоа во случајот е Врховниот суд.

Related posts

Милошоски: Во Извештајот на ЕК јасно пишува дека владејачкото мнозинство ниту еднаш не го злоупотребило европското знаменце за носење закони

Интерконекторот со Грција треба да обезбеди нов правец за посигурно снабдување со гас

Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија околу спорот со Бугарија