Шок за Ѓоковиќ на Индијан Велс, елиминиран е од – 123. тенисер во светот!

Новак Ѓоковиќ го доживеа еден од најтешките порази во кариерата откако загуби од Италијанецот Лука Нарди и не се пласираше во осминафиналето од Индијан Велс.

Аутсајдер од Италија кој на главниот турнир влезе како „лаки лузер“ го шокираше Новак Ѓоковиќ, српскиот тенисер беше број 1 носител на во Индијан Велс, но ептен рано го заврши настапот.

Италијанскиот тенисер Лука Нарди кој е 123. место во светот, одлично го почна мечот, го доби првиот сет со 6-4. Новак возврати во вториот земајќи го со 6-3.

Се чинеше дека Ѓоковиќ се врати и никој не помислуваше дека може да биде елиминиран, но се случи токму тоа. Третиот решавачки сет го доби Нарди со 6-3 и победи со 2-1 во сетови за пласман во осминафинале.

Related posts

Џејмс беше прашан дали го одигра последниот натпревар за Лејкерс. Еве што одговори тој

БАЈДЕН ГО ПОТПИША ЗАКОНОТ ЗА БУЏЕТ: Зеленски останува „покус“ за милиони!

Позната причината за смртта на момчето на Сабаленка, тенисерката донесе шокантна одлука