Се преврте цистерна со гас, возачот пренесен во Клиничката болница во Битола

Во 9.30 часот, од страна на РЦУК Прилеп, е известено за сообраќајна незгода во близина на село Вашарејца – Битола. Превртена е цистерна со гас. Известени се во ТППЕ Битола, која прати четири пожарникари со едно противпожарно возило, а МВР Битола веќе е на терен.

Како што извести ЦУК, возачот на камионот е лесно повреден и е пренесен во Клиничката болница во Битола од страна на итната медицинска помош.

За подигање на цистерната се чека механизација, додаваат од ЦУК.

Related posts

Кога навистина почнува пролетта? Одговорот го има Сонцето

Во градинки ќе се примаат деца со три дози ДиТеПер вакцина и задолжителна ревакцина за шест месеци

Слика | Види како дошле викендаши на Прочка од Битола во Охрид