Си склучувале договори во четири очи, и мува не ги лазело. Ниту една институција не знае од каде влегле, и каде завршиле милиони евра, народни пари. Гледано на ниво на институции, најголема вредност на склучени договори без објавување оглас во првата половина од 2023 година, дури 60%, имаат само три договорни органи – АД Електрани, Министерството за внатрешни работи и АД Водостопанство, покажува Извештај од редовниот мониторинг на јавните набавки на Центарот за граѓански комуникации.
За половина година склучени договори за јавни набавки со само една понуда вредни 283 милиони евра во претходните години, е Електрани, со пет договори во вредност од 212.171.080 денари (3,4 милион евра).
На второ место е Министерството за внатрешни работи, со склучени 11 договори преку постапката со преговарање без објавување оглас, во вкупна вредност од 96.885.148 денари (1,6 милиони евра). На трето место е АД Водостопанство со два договори во вредност од 81.927.516 денари (1,3 милиони евра).
Сите останати институции потрошиле 263.409.297 денари (4,3 милиони евра) и имаат удел од 40%.
Оваа според Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки на Центарот за граѓански комуникации се 10. најголеми договори за јавни набавки склучени без оглас во првото полугодие од 2023 година.
За половина година склучени договори за јавни набавки со само една понуда вредни 283 милиони евра.