ЗЕМЈОТРЕС ОД 5,4 СТЕПЕНИ СПОРЕД РИХТЕР ЈА ПОГОДИ ЦРНА ГОРА, СЕ ПОЧУВСТВУВА И ВО МАКЕДОНИЈА, НЕМА ИНФОРМАЦИИ ЗА ШТЕТИ

Епицентарот бил во општина Плужине, на длабочина од 14 километри (Фото: ЗХМС)

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтерова скала ја погоди Црна Гора утрово во четири часот и шест минути, а тресењето се почувствува и во Македонија, Хрватска и БиХ.

Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија (ЗХМС) соопшти дека епицентарот бил во општина Плужине, на длабочина од 14 километри. Засега нема информации за жртви и штети, а од ЗХМС велат дека би можело да има штети во епицентралното подрачје.

„Врз основа на магнитудата и длабочината на земјотресот, тој можел да предизвика одредена материјална штета во епицентралното подрачје. Добро е што епицентарот бил во ненаселено подрачје“, соопшти ЗХМС.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар објави дека се регистрирани уште два поблаги земјотреса со јачина од 3,1 степен според Рихтер.

Related posts

Иднината е под земја: Како Сјонгџан го претвори отпадот во зелен еколошки парк

Виктор Орбан на чело на ОН?

Вучиќ го Призна Поразот