Отстранети знамињата на Албанија и ОНА од манастирскиот комплекс на тетовското Кале

Отстранети се знамињата кои го сквернавеја манастирскиот комплекс на тетовското Кале, по вчерашната пријава во полицијата.

На куполата од црквата „Свети Атанасиј“ било поставено национално знаме на Република Албанија, додека на метален столб на влезот во Калето било истакнато знаме со натпис УЧК.

Црковниот одбор, кој го надгледува овој храм, ги забележал знамињата по што пријавил во СВР Тетово, од каде информираат дека се трага по сторителите.

– Веднаш по пријавувањето, на местото е испратена екипа од свр тетово. Извршен е комплетен увид и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот. Во координација со јавен обвинител работиме на откривање на тие што ги поставиле и причините зошто ги поставиле.

Related posts

62-ра собраниска седница започната, со дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 на дневен ред

Мицкоски: Се изготвува новиот Закон за пожарникарска служба и веднаш по изготвувањето ќе бидат зајакнати капацитетите на пожарникарската служба насекаде

Мицкоски: Нема веќе седење дома и земање плати