Отстранети знамињата на Албанија и ОНА од манастирскиот комплекс на тетовското Кале

Отстранети се знамињата кои го сквернавеја манастирскиот комплекс на тетовското Кале, по вчерашната пријава во полицијата.

На куполата од црквата „Свети Атанасиј“ било поставено национално знаме на Република Албанија, додека на метален столб на влезот во Калето било истакнато знаме со натпис УЧК.

Црковниот одбор, кој го надгледува овој храм, ги забележал знамињата по што пријавил во СВР Тетово, од каде информираат дека се трага по сторителите.

– Веднаш по пријавувањето, на местото е испратена екипа од свр тетово. Извршен е комплетен увид и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот. Во координација со јавен обвинител работиме на откривање на тие што ги поставиле и причините зошто ги поставиле.

Related posts

МИЦКОСКИ: МЛАДИТЕ СЕ ИДНИНАТА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН – регионалната соработка е клучна за евроинтеграцијата

Трајков на средба со Солстром: Континуитетот на реформите е важен за усогласување со европските стандарди

ОЧЕКУВАМ НАПРЕДОКОТ ДА БИДЕ ВАЛОРИЗИРАН: Почеток на преговори со ЕУ по испорачаната реформска агенда, порача Мицкоски