Вчера вкупно 20 пожари, изгаснати 18

Активни се пожарите во Општина Дебар, помеѓу селата Сушица, Бомово и Коњаре каде гори шума и ниска вегетација. И во близина на селото Луке, Крива Паланка сè уште гори ниска вегетација и ниска шума, соопшти утрово Центарот за управување со кризи.

Вчера изгаснати беа пожарите во скопската Општина Центар (гореше Универзална сала), на улицата „Лазар Личеновски“ во Скопје, Општина Петровец, во село Брест Општина Чучер – Сандево, Охрид, населба Црногорци, село Елевци во Дебар, Кичево, Битола, Ресен, Прилеп, Крушево, Струмица, Гостивар, Куманово…

Related posts

ВМРО-ДПМНЕ: Победата е јасна и на претседателските и на парламентарните избори

Османи и Маричиќ со спротивни ставови за „Опен Балкан“ и за резолуцијата за Сребреница

ССМ: Во наредните денови ќе го радикализираме протестот