ДКСК го прифати приговорот на Силјановска Давкова – Академијата за судии го крши Изборниот законик

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за кршење на изборните правила. Едногласно, со 5 гласа ЗА – членовите на Државната комисија за спречување на корупција, одлучија дека Академијата со конкурсот и тестирањето на кандидатите за судии и обвинители, го прекршува законот, на начин ,со кој се отвора вратата за вработување на идни судии и обвинители со постапки, во изборен период.

– Предлогот го ставам на гласање. Кој е ЗА? Дали има некој ПРОТИВ ? Нема. Констатирам дека одлуката е донесена едногласно со 5 гласа. Одлуката ќе биде објавена во рок од 24 часа на веб страницата. На ДКСК. Против одлуката е дозволена тужба, рече Татјана Димитровска  претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата.

А пред одлуката – жестока дебата, навреди и дофрлувања. Кандидатката за претседател Гордана Силјановска стоеше на ставот дека тековното полагање на 299 лица за прием на Академијата за судии и јавни обвинители е противзаконско. Од академијата пак тврдеа дека процесот е планиран многу пред изборниот процес, а вработувањата на оние што ќе ги поминат процедурите, ќе се склучуваат дури во септември.

 

Од одлуката на ДКСК , не беше задоволна директорката на Академијата за судии и јавни обвинители.

– Баш ме интересира, бидејки гледам дека сте го промениле ставот, во однос на претходна ситуација, како ќе го образложите тоа , затоа што ,ние, не сме задоволни од вашата одлука и ќе одиме на Управен суд, рече Наташа Габер-Дамјановска директор на Академија за судии и јавни обвинители.

Незадоволната страна има право на тужба пред Управен суд, во рок од 24 часа, по прием на одлуката. Управниот суд, пак, е должен, во рок од 48 часа да одлучи по тужбата.

Related posts

Пропадна планот на бојкотирачите – Македонија избра претседател со излезеност од над 40 отсто

Манипулативни насоки до избирачките одбори да ги прашуваат гласачите за кои избори сакаат да гласаат

Одзивот на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, а на парламентарните е 46,93 отсто