Мисајловски: За да почнат промените во Македонија потребна е масовна поддршка на 24 април за Силјановска Давкова

,,Денеска сме повторно во Куманово, со нас е и нашиот технички министер за труд и социјала Ѓоко Велковски, но и кандидати за пратеници, добри луѓе од Куманово. Овде сме со повозрасните денеска да се видиме на оваа средба со пензионерите и да ги слушнеме нивните маки се разбира. Колку што може да слушнеме од секој еден од нив е дека последните 7 – 8 години навистина тешко се живее, дека оваа власт апсолутно не обрнува внимание на нивните проблеми. Како што спомена министерот многу е тешко да се издржи целиот месец со малите пензии.

Сакам да ги повикам сите граѓани за да почнат промените во Република Македонија денот за промени е 24 април. На 24 април масовно и сплотено со поддршката за Гордана Силјановска Давкова започнува македонската револуција односно народот да се сплоти и да го започне првиот круг за избор на новата претседателка, а тоа е нашата професорка, а потоа на 8 мај да ги повикам уште повеќе, уште позасилено да направиме историја и да стигне нова влада, бидејќи таа нова влада ќе има обврска да ги зголеми пензиите и да направи на овие прекрасни луѓе еден подобар и подостоинствен живот за сите не само тука во Куманово, туку насекаде во Македонија.”, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2.

Related posts

Пропадна планот на бојкотирачите – Македонија избра претседател со излезеност од над 40 отсто

Манипулативни насоки до избирачките одбори да ги прашуваат гласачите за кои избори сакаат да гласаат

Одзивот на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, а на парламентарните е 46,93 отсто