Пропадна планот на бојкотирачите – Македонија избра претседател со излезеност од над 40 отсто

Пропадна планот на бојкотирачите – Македонија избра претседател со излезеност од над 40 отсто

До 17 часот на претседателските избори гласале 452.412  гласачи.

ДИК информира дека излезноста е 42,32 %, што значи дека е постигнат цензус.

Македонскиот народ масовно излезе денес да го оствари своето право на глас. Не успеа бојкотот кој го заговараа, организираа и реализираа дел од партиите на власт.

Процентот на излезност до 17 часот, како што соопшти првиот човек на ДИК, е од пристигнати податоци од 2.040 избирачки места со вкупно запишани 1.069.029 гласачи. Според Даштевски, до 17 часот гласале 452.412 гласачи или 42,32 отсто.

Најголема излезност до 17 часот е забележана во Општина Новаци – 66,47 отсто, а најмала во Општина Липково – 6,48 отсто.

Споредено со претседателските избори во 2019 година, како што додаде Даштевски, излезноста до 17 часот е поголема за 7,19 отсто, а во споредба со првиот круг на претседателски избори 2024 за 0,01 отсто.

Related posts

Манипулативни насоки до избирачките одбори да ги прашуваат гласачите за кои избори сакаат да гласаат

Одзивот на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, а на парламентарните е 46,93 отсто

ВМРО-ДПМНЕ: Победата е јасна и на претседателските и на парламентарните избори