Приведен Јован Деспотовски, поранешниот директор на ТИРЗ

Приведен е Јован Деспотовски, поранешниот директор на Дирекција за ТИРЗ и долгогодишен член на СДСМ, неофицијално дознаваат новинари од ,,Фокус”.

Тие пренесуваат дека Деспотовски е уапсен од страна на Управата за финансиска полиција. Според нивните информации, тој е приведен поради проневера на 2 милиони евра во ТИРЗ Струмица и ТИРЗ Штип.

Изворите тврдат дека ќе се бара замрзнување на имотот на компанијата, чие име е познато на новинарите, а за него најверојатно ќе се бараат мерки на претпазливост.

Related posts

ТАТАРЧЕВ: МАКЕДОНИЈА НЕ Е САМО ТЕРИТОРИЈА, ИЛИ ПОЛИТИЧКА ЦЕЛ, ТУКУ И ДОЛЖНОСТ И ВЕЧНА ИДЕЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!

Азизи: Наследив предмети од обвинители кои со години земале плата, а не работеле – никој не одговарал!