Мицкоски во Вашингтон на средба со претставници на „Македонија 2025“

Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во посета на САД, се сретнал со претставници на организацијата „Македонија 2025“. За оваа средба, Мицкоски информираше на Фејсбук.

– Во Вашингтон, на средба со Македонија 2025, ја истакнуваме нашата посветеност кон подобра иднина. Без разлика дали сме дома, во Европа или во САД, борбата секогаш е насочена кон создавање подобри услови за живот и посигурна иднина за сите, напиша Мицкоски во објавата.

Мицкоски присуствуваше на инагуруацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, а оствари средби и со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот.

Related posts

Ако има самит Трамп-Путин-Кси ТОА ЌЕ БИДЕ ЈАЛТА 2 И НОВА ПОДЕЛБА НА ВЛИЈАНИЕ ВО СВЕТОТ

ВУЧИЌ ОБВИНИ НА ЗАВРШНИОТ ПРЕДИЗБОРЕН МИТИНГ ДЕКА СРБИЈА Е НАПАДНАТА ОДНАДВОР, СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА СО ОГРОМЕН СОБИР ВО БЕЛГРАД

ЕKСKЛУЗИВНО: Во манастирот каде што се Чува Черепот на светецот Св.Климент