Ниту познатиот пејач не го преживеа падот на таван во ноќен клуб, бројот на жртви достигна 113

 

Центарот за вонредни ситуации на Доминиканската Република потврди дека телото на Рубио е пронајдено во 6 часот и 10 минути. Портпаролот на Центарот, Хуан Мануел Мендез, истовремено објави дека бројот на жртви се искачи на 113.

Да потсетиме дека трагедијата во ноќниот клуб Џет Сет се случи ноќта помеѓу 7 и 8 април, за време на настапот на Рубио Перез, кога голем дел од таванот ненадејно се урнал, паѓајќи на сцената и подиумот. Таванот се урнал во 44 минути по полноќ.



Спасувачките екипи брзо пристигнале на местото на настанот и ги извлекле преживеаните. Најмалку 155 луѓе се повредени при уривањето на таванот и итно се префрлени во болница. За жал, за многумина немаше спас. Ќерката на Рубио Перез, која била со нив на настапот, била извлечена жива, а нејзините зборови по трагедијата биле многу потресни.

Надежта за несреќниот Рубио постоела со часови, додека тој пеел под урнатините за да го пронајдат спасувачите. За жал, кога го лоцирале, пејачот повеќе не давал знаци на живот.

Related posts

25 НОЕМВРИ – НОВА СРЕДБА ЗА ЕВРОПСКАТА ИДНИНА НА РЕГИОНОТ Брисел ќе го оценува напредокот на Западен Балкан

САКАМЕ БРЗ ПРИЕМ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЕУ, НО МОРА ДА СЕ СПРОВЕДАТ РЕФОРМИ, КАЖА МЕРЦ НА САМИТОТ ВО ЦРНА ГОРА

Ако има самит Трамп-Путин-Кси ТОА ЌЕ БИДЕ ЈАЛТА 2 И НОВА ПОДЕЛБА НА ВЛИЈАНИЕ ВО СВЕТОТ