Мицкоски: Таравари има две опции – ние или ДУИ

Владата ќе биде стабилна и доколку Таравари одлучи да си замине од неа, изјави денеска премиерот, во пресрет на средбата со министерот и претседател на Алијанса за Албанците (AA). Ќе разговараат за актуелните случувања, откако собранието на оваа партија одлучи да настапат на изборите со сопствени листи за советници и градоначалници, а подоцна беа исклучени од коалицијата „Вреди#. Смета дека Таравари има две опции – да остане во оваа Влада на реформи и промени или да се приклучи кон опцијата што повеќе од две децении ја криминализираше државата и ги уништуваше институциите.

Таравари, пак, изјави дека ќе ги слушне аргументите на премиерот и потоа партиските органи ќе проценат како да дејствуваат понатаму.

Премиерот вчера изјави дека за него е неприфатливо некој да соработува со ДУИ и да остане во владата. Таравари, пак, денеска и самиот рече дека, во случај на соработка со која било опозициска партија, тие ќе ја напуштат владата.

Доколку се случи тоа, и претседателката Сиљановска смета дека нема ништо да се промени во функционирањето на владата и дека нема да има потреба за предвремени избори заедно со локалните, меѓу другото, затоа што и овие избори успешно го отсликуваат расположението на граѓаните, а понекогаш се и лакмус за тестирање на успешноста на власта.

Related posts

ТАТАРЧЕВ: МАКЕДОНИЈА НЕ Е САМО ТЕРИТОРИЈА, ИЛИ ПОЛИТИЧКА ЦЕЛ, ТУКУ И ДОЛЖНОСТ И ВЕЧНА ИДЕЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!

Азизи: Наследив предмети од обвинители кои со години земале плата, а не работеле – никој не одговарал!