ЦУК: Во изминатото деноноќие имаше 38 пожари, активни се 6, а 5 се под контрола

Активни се пожарите во општина Василево, Радовиш и Берово, како и во Македонски Брод, Прилеп и Желино

Во изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 38 пожари, од кои 6 се активни, 5 се под контрола, а 27 се изгаснати, информираат во Центарот за управување со кризи.

„Активни се пожарите во општина Василево, Радовиш и Берово, како и во Македонски Брод, Прилеп и Желино“, велат оттаму.

Пожари под контрола се во општина Ресен, Велес, Гостивар, Прилеп, а изгаснати пожари се во Студеничани, Шуто Оризари, Сарај, Кисела Вода, Гази Баба, Прилеп, Долнени, Струмица, Гевгелија, Кичево, Велес, Свети Николе, Куманово.

Related posts

ТАТАРЧЕВ: МАКЕДОНИЈА НЕ Е САМО ТЕРИТОРИЈА, ИЛИ ПОЛИТИЧКА ЦЕЛ, ТУКУ И ДОЛЖНОСТ И ВЕЧНА ИДЕЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!

Азизи: Наследив предмети од обвинители кои со години земале плата, а не работеле – никој не одговарал!