ОД ВЕЧЕРВА НОВИ МЕТЕО ПРОМЕНИ: Од вечерва почнуваат врнежите, особено утре ќе има локално поројни врнежи проследени со грмежи,а на планините повторно снег!

Под влијание на нов влажен бран од утре вечер, а особено во четврток на повеќе места низ Македонија ќе има нови врнежи од дожд на пониските места, како и врнежи од снег на планините со надморска височина од над 1400- 1500 метри, информира метеорологот Славчо Попоски.

„Сепак овој пат локално повторно врнежите ќе бидат обилни и поројни и проследени со грмежи како и со засилување на ветерот. Значи очекуваме појава на нестабилност.

Во Скопје  и околината исто така очекуваме нови повремени врнежи од дожд во делови од котлината, а можна е и локална нестабилност проследена со грмежи и засилување на ветерот.

НАПОМЕНА: Ветерот овој пат ќе биде од југозападен и од западен правец.

Температурите овие денови ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени во најтоплите централни и југоисточни предели, што значи ќе имаме посвежо време. Наутро пак температурите утре  и во четврток  ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 9 степени“, објави тој.

Related posts

Интерконекторот со Грција треба да обезбеди нов правец за посигурно снабдување со гас

Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија околу спорот со Бугарија

ФЕЉТОН„Еден век прогон: Од Чакаларов до децата бегалци“5,6,7 И 8 ДЕЛ