Под влијание на нов влажен бран од утре вечер, а особено во четврток на повеќе места низ Македонија ќе има нови врнежи од дожд на пониските места, како и врнежи од снег на планините со надморска височина од над 1400- 1500 метри, информира метеорологот Славчо Попоски.
„Сепак овој пат локално повторно врнежите ќе бидат обилни и поројни и проследени со грмежи како и со засилување на ветерот. Значи очекуваме појава на нестабилност.
Во Скопје и околината исто така очекуваме нови повремени врнежи од дожд во делови од котлината, а можна е и локална нестабилност проследена со грмежи и засилување на ветерот.
НАПОМЕНА: Ветерот овој пат ќе биде од југозападен и од западен правец.
Температурите овие денови ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени во најтоплите централни и југоисточни предели, што значи ќе имаме посвежо време. Наутро пак температурите утре и во четврток ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 9 степени“, објави тој.