АМСМ: До крајот на март затворен патот за Ресен преку НП „Галичица“, до 15-ти задолжителна зимска опрема

 Од 15-ти ноември 2023 година стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2024 година, информират од Авто-мото сојузот на Република Македонија.

Од 15-ти ноември 2023 година, патниот правец Охрид-Ресен, преку Националниот парк „Галичица“, е затворен за сообраќај за сите видови на возила. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Овој времен режим ќе трае се’ до 1. април 2024 година.

Related posts

Николоски најави изградба на два нови големи експресни патишта

Обвинителката која го гони судијата со парите во ѕид е нова шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал

Интерконектор со Грција