Обвинителката која го гони судијата со парите во ѕид е нова шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал

Обвинителката која го гони судијата со парите во ѕид е нова шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал

Обвинителката Искра Хаџи Василевска освоила најмногу гласови на гласањето меѓу јавните обвинители за кандидатите за шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК).

Според информациите  од обвинителството, Хаџи Василевска добила 64 гласа, додека Трајче Пеливанов освоил 57 гласа. На третото место е Јове Цветановски со 30 гласа, по него следува Фатон Азизи со 14, додека Лидија Раичевиќ добила шест гласа.

Податоците за гласањето по подрачја покажуваат различна поддршка за кандидатите. Во битолското подрачје најголема поддршка добила Хаџи Василевска, додека најмалку гласови освоила Раичевиќ, која останала без ниту еден глас.

Во гостиварското подрачје најмногу гласови добил Пеливанов, додека Раичевиќ и таму останала без поддршка.

Во штипското подрачје најголема поддршка имала Хаџи Василевска, додека меѓу кандидатите за кои се доставени податоци најмалку гласови освоил Азизи.

Во скопското подрачје најмногу гласови освоила Хаџи Василевска, додека најмалку добила Раичевиќ. Пеливанов и Цветановски во ова подрачје имале еднаква поддршка.

Според информациите за гласањето во Јавното обвинителство, Хаџи Василевска имала поголема поддршка од Пеливанов.

Според вкупните резултати сега за сега , Хаџи Василевска е прворангирана со седум гласа повеќе од Пеливанов. Официјална потврда на конечните резултати засега нема.

 

Related posts

Николоски најави изградба на два нови големи експресни патишта

Интерконектор со Грција

БИЗНИСОТ НЕДОВОЛНО ГИ КОРИСТИ ЕЛЕКТРОНСКИТЕ УСЛУГИ ШТО ИМ СЕ НА РАСПОЛАГАЊЕ, ФОРМИРАЊЕ НА КООРДИНАТИВНО ТЕЛО ЗА ЗАБРЗУВАЊЕ НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА