Рибаровски: Агенцијата за катастар противзаконски издава лиценци на правни лица за вршење геодетска работа

Агенцијата за катастар го крши законот со издавањето лиценци за дозвола на работа на правни лица за геодетска работа. Според закон оваа обврска ја има Комората за трговски друштва за геодетски работи, а претседателот на истата Никола Рибаровски обвини дека веќе подолго време се врши репресија и притисок врз нив од страна на Катастар, но и од судската власт.

„Во законот јасно и децидно стои, сите трошкови кои се наплаќаат од страна на заинтересираните лица кои добиваат лиценца за работа, ги наплаќа комората, висината на надоместокот го одредува, самата комора, и сето ова, сега со подзаконски акт агенцијата си го присвои за себе, сите трошкови си ги наплаќа Агенцијата за катастар и тоа повторувам со подзаконски акт, згора на се, почнаа да се издаваат нови лиценци“, рече Рибаровски

Од она што комората го има како сознание, засега од Катастар издале две лиценци, па сега Рибаровски, прашува кои од лиценците имаат законска важност, дали нивните, или оние кои ги издала Агенцијата за катастар. Рибаровски додаде и дека притисок врз геодетските компании и Комората, продолжува и преку носење на контрадикторни одлуки на Управниот суд, кој за предмети со иста содржина, кон Комората одлучува различно.

„Овој пат сакаме да го изразиме огромниот сомнеж, дека за сето ова што го прави агенцијата добива помош и од судската власт. Ако до пред две години правдата беше задоволена со одредени судски одлуки, сега комората почнува да добива скандалози пресуди, од страна на Управниот суд, а најново нешто која што одлука ја немаме официјално добиена е од Уставниот суд, врз основа на покрената иницијатива за укинување на член од законот кој сметаме дека е противуставен“, рече Рибаровски.

Во поглед на цените, Рибаровски рече дека цените на услугите кои ги даваат приватните геодетски компании апсолутно се оправдани и дека претходно се работело со тарифник стар десет години, и дека сега тие цени немале никаква економска исплатливост, а додаде и дека поради лошата политика 50% од геодетските компании се на работ на егзистенција.

Related posts

ВМРО-ДПМНЕ: Победата е јасна и на претседателските и на парламентарните избори

Османи и Маричиќ со спротивни ставови за „Опен Балкан“ и за резолуцијата за Сребреница

ССМ: Во наредните денови ќе го радикализираме протестот